Оваа авиокомпанија сака потајно да ја мери тежината на патниците пред летовите, а еве и зошто
Прашањето за мерење на тежината на патниците е од чувствителна природа, а брзо може да прерасне во проблем на несогласување, но дали следната причина е доволно оправдана?
Додека пресметувањето на тежината е клучна за безбедноста на летот, сепак авиокомпаниите што би ги принудувале своите патници да се измерат пред летот, би можеле да бидат окарактеризирани како бесчувствителни и во повеќето случаеви, патниците би се чувствувале засрамено.
Но, една британска авиокомпанија е решена планот сепак да го спроведе. Компанијата сака да ги измери своите патници за да заштеди и да ги намали своите трошоци за гориво.
Но, воедно се стреми мерењето да биде тајно, односно дискретно, при што патниците не би чувствувале нелагодност.
Станува збор за компанијата Фјуел Матрикс, која има за цел, користејќи ги методите кои опфаќаат подложност на притисок и целосни скенирања, на дискретен начин, да собира податоци за тежината на патниците.
„Патниците можеби здраво за готово ја земаат нивната тежина и тежината на нивниот багаж при летањето и само сакаат побрзо да стасаат до својата посакувана дестинација, но ние, односно авиокомпаниите мораме во предвид да ги земеме овие работи, бидејќи се клучни за секој лет.“- велат од Фјуел Матрикс.
Сите работи, од багаж до опрема, па дури и тежината на патниците, може да влијае на тоа колку гориво ќе му биде потребно на авионот да стаса од точка А до точка Б.
Британската авиокомпанија објаснува дека вообичаено поради нецелосни или недетални пресметки, авиокомпаниите носат повеќе гориво од потребното, а вака потешките авиони се помалку ефикасни, не толку брзи и воедно, не се еколошки за средината.
И други компании веќе се обидоа да го спроведат овој план, но резултатите беа различни. Компанијата Финер на своите патници им понуди сами да дадат информации за својата тежина, но се покажа дека само неколку од нив доброволно пристапија кон оваа точка, а и се покажало дека патниците би ја измениле бројката.
Компанијата Самоа Ер, пак, отиде малку предалеку, не само што ги мереше своите патници, туку и им наплаќаше врз основа на нивната тежина.
Една руска авиокомпанија пак, им наметна на своите стјуардеси да ослабнат, доколку не сакаат да ја изгубат својата работа.
За разлика од овие, Фјуел Макс тврди дека освен дискретното мерење, нема да наплаќа врз основа на тежината.