Иако апостолките се нашиот прв моден и омилен избор кога станува збор за топлите летни денови, сепак тие не се добар избор за нашето здравје, а еве и 10 причини зошто е тоа така!

1. Ризик од бактерии и габи

Одењето наоколу во апостолки, ги претвара нашите стапала во плодна површина за бактерии, од кои стафилококи се без сомнеж, најопасните.  Истовремено, треба да се обрати внимание и на габичните инфекции.

2. Бавно темпо

Едно истражување спроведено од страна на Универзитетот Обурн, го спореди човечкото движење во апостолки наспроти патики. Тестот врз 56 поединци докажа дека обувките имаат големо влијание врз начинот на кој одиме, при што носењето апостолки го забавува нашето движење.

3. Зголемен ризик од паѓање

Директно поврзано со претходното истражување, носењето на апостолки ни создава чувство на нелагодност бидејќи постојано мора да внимаваме истите да бидат стабилни во однос на подот и безбедни за самите нас, а со самото тоа повеќе ги притискаме нашите колена и стапала, за да ја одржиме рамнотежата.

4. Оштетување на петиците

Тенкиот ѓон на апостолките означува дека постојано, при секој чекор, нашите петици се значително напрегнати и ова може да резултира со болка, особено ако овој тип на чевли го носиме подолго време.

5. Плускавци

Предните прерамки, кои воедно се и единственото нешто што нашите стапала ги задржува за чевлите, при чекорењето, предизвикуваат постојано триење и иритација на кожата, што пак резултира со појава на бројни и болни плускавци.

6. Трајно оштетување на прстите

Кога носиме апостолки, нашите стапала се принудени да завземат една специфична положба и така, при подолгото носење и чекорење, неприродната положба на стапалата предизвикува прстите да се наведнат.

7. Влошување на калусите (кератодермии)

Калусите или кератодермии претставува дифузно здебелување на кожата со жолтеникава или кафеава боја, а неприродната положба на стапалата при носењето на апостолки, уште повеќе ја влошува оваа состојба на нашите стапала.

8. Неправилно држење на телото

Сите чевли кои се лишени од правилна структура и не даваат вистинска потпора на нашите стапала, како апостолките, ја менуваат правилната распределба на телесната тежина и ја влошуваат циркулацијата на крвта, при што доведуваат и до неправилно држење на нашето тело.

9. Опасност од испакна коска

Неприродната положба на стапалата при носењето апостолки, наметнува и голем товар врз нашите стапала, бидејќи стапалата, како и зглобовите вложуваат голем напорт да ја одржат нерамнотежата. Истата таа може лесно да доведе до појава на испакната коска.

Доколку дојде до тоа, еве на кои 6 природни начини да ја намалите испакнатата коска, без операција.

10. Токсични материјали

Апостолките најчесто се направени од латекс, материјал на кој многумина се алергични, а истиот може да содржи и бисфенол А, компонента која се покажала како причинител за појава на рак.

Во овие случаеви, кога веќе одбираме да носиме апостолки, подобро да избереме кожни или други природни материјали.