Не е никакво изненадување што дури и нашите претци рекле дека молчењето е злато, а силата на зборовите не смееме никако да ја потценуваме. Зад секоја искажана реченица се крие моќна енергија.

Понекогаш луѓето многу поразлично реагираат на нашите зборови, отколку што очекуваме, па затоа еве за кои 5 работи никогаш не треба да разговарате со останатите луѓе:

1. Вашите планови

Нема потреба на сите да им раскажете за тоа што планирате да правите, бидејќи во човечката природа на оние кои љубоморат е истовремено да ја имаат способноста, да ги уништат туѓите планови.

2. Караници и скандали

Кога станува збор за семејните караници или расправиите со партнерот, подобро е овие работи да ги премолчите пред вашите пријатели и роднини, бидејќи на овој начин ќе го нахраните нивниот озборувачки апетит и на индиректен начин, ќе го продолжите развојот на негативната енергија.

3. Добри дела

Исто така, не случајно никогаш не треба да зборувате за вашите добри дела. Се смета дека само Бог треба да знае за вашата добрина и тој соодветно ќе ви се заблагодари.

4. Вашите успеси

Не е неопходно да се фалите ниту со вашите лични успеси и достигнувања. Резултатите од вашиот труд и онака ќе бидат видливи, но доколку постојано ги истакнувате, само ќе предизвикате љубомора и негативна енергија од спротивната страна.

5. Приходите

Не е ништо необично да не зборувате за вашите приходи и за тоа колку заработувате. Како што се вели, парите ја претпочитаат тишината. Причината е истата како и останатите – зависта и љубомората што се јавува кај другите луѓе. А негативната енергија на луѓето може да биде неверојатно моќна.