Да бидеш на листата на чекање за трансплантација е доволно трауматично искуство за млад тинејџер кој е приморан да минува низ тоа. Но, за ова момче животот е уште потежок бидејќи нема родители.

Дамиен уште како бебе бил даден на посвојување, при што целиот својот живот го поминал менувајќи ги домовите и семејствата.

Воедно, тој страда од т.н фокална сегментална гломерулосклероза, која претставува болест на бубрезите, предизвикана од вирус. Поради болеста бубрезите на Дамиен полека ја откажуваат нивната функција, што значи дека за многу кратко време на момчето ќе му биде потребна транспантација на нови органи.

Во овие денови кога момчето е под висок ризик и итно е потребен донатор, наместо да ги зазема првите места на листата на чекање, тој се вброи меѓу последните и тоа поради една многу апсурдна причина.

Дамиен бил одбиен за транспланрација бидејќи нема стабилен дом и семејство кое моментално би се грижело за него.

Еден ден, откако момчето се пожалило за својата ситуација на својот наставник по математика, Фин Ленинг, наставникот знаел дека не може да седи со скрстени раце.

„Ако имал постојан дом, одамна ќе му беше направена трансплантацијата и Дамиен сега ќе беше сосема здрав. Минатата година момчето се пресели кај негов роднина и започна да оди во училиштето во кое јас работам. Тој е многу храбар. И покрај неговата сериозна здравствена состојба, Дамиен е одличен ученик, великодушен, скромен и сите многу го сакаат во училиштето“- вели Фин.

Откако ја дознал ситуацијата, професорот по математика го направи најхуманиот гест за својот ученик, така што го посвои и сега момчето конечно го исполнува бараниот критериум- има стабилен и постојан дом.

Иако платата на Фин не е многу голема, наставникот се досетил да ги искористи социјалните мрежи и да ги замоли корисниците да донираат средства за негата на Дамиен, при што веќе новото семјество собра импресивни 46.000 евра.