На прв поглед, ова е сосема вообичаена фотографија од мало слатко бебе, кое насмевнато спие во прегратките на неговата мајка, но срцепарателната драма која се крие зад истата лесно може да го расплака секој.

На прекрасната фотографија се наоѓаат 17-годишната Британка, Тиган Бернард и нејзиниот новороден син, која таа за жал, не успеа да го запознае. За време на породувањето дошоло до внатрешно крварење и срцето на девојката престанало да работи, што пак, довело до фатално оштетување на мозокот.

Фотографијата е направена неколку часа пред смртта на младата мајка.

Малиот Паркер чувствувајќи го мирисот на саканата личност, веднаш се насмевнал, лежејќи на градите на неговата мајка.

Неговата баба штом разбрала дека за кратко ќе ја изгуби својата ќерка, веднаш го поставила бебето во прегратките на неговата мајка, бидејќи сакала, Паркер кога ќе порасне да има срцезатоплувачки спомен.

„Не можам да замислам дека сега ќе живеам без мојата ќерка, без да го слушнам нејзиниот убав глас. Пред нејзината смрт, никогаш не знаев дека срцето може да ми биде скршено на милион парчиња. Сега кога неа ја нема, ми преостанува да направам прекрасна галерија од нејзини фотографии за Паркер да може секојдневно да ја гледа.“- вели Аби.