Речиси секогаш им завидуваме на сопственичките на кадрава коса, бидејќи овој тип на фризура изгледа идеална за секоја пригода, енергична и со помдладувачки ефект.

За оние дами на кои природата не им подарила ваква раскошна коса, сепак постои можност самите да си направат локни со различните методи кои денес постојат.

Локните се еден од најомилениот избор кога станува збор за поелегантните настани, а бидејќи ни следува период на бројни новогодишни забави, денес ви откриваме како подолго време да го задржите обликот на вашата кадрава коса, особено сега кога во зимскиот период, воздухот е влажен.

1. Мијте ја косата со ладна вода

Иако тоа не ви се чини како една од најпривлечните идеи да се капете со ладна вода, сепак кога станува збор за миењето на косата, потребно е да знаете дека претерано топлата вода ја суши кожата, ги повредуваат кутикулите, односно заштитниот слој на косата, што придонесува до губење на обликот на локните. Затоа пред нејзино виткање, измијте ја вашата коса со ладна вода.

2. Не ја допирајте косата

Овој совет поттекнува од очигледна причина- Не треба премногу да ја допирате косата и да си поигрувате со вашите локни, бидејќи тоа доведува до побрзо замастување и губење на нивниот облик. Истовремено, доколку сте нанеле лак за коса, не ги допирајте локните, а одредени врвни фризери советуваат да не ја употребувате ниту четката за коса, единствено доколку тоа е навистина неопходно.

3. Спијте на свилени перници

Доколку е потребно вашата фризура да го задржи нејзиниот облик и за наредниот ден и треба да спиете со локни, тогаш заменете ја памучната навлака на перницата со свилена. Така, при вашето вртење на спротивната страна, за време на спиењето, нема да се создаде триење меѓу вашата коса и перницата и на овој начин, ќе ги заштитите локните и ќе го зачувате нивниот облик.