Доколку акните и мозолчињата на Вашиот грб Ве спречуваат да си ја облечета омилената маица или пак фустан овие две природни маски за тело ќе Ви помогнат да си ја реализирате замислата без да се чувствувате непријатно. Користете една или комбинирајте ги двете.

Маска од домати

Доматот е одличен извор на витамин А и Ц и ги  ублажува акните и мозолките од грбот затоа што има својства да го извлече гнојот. Изгмечете го доматот, или ставете цели парчиња врз проблематичните подрачја. Оставете да делува половина час, па поминете со млака вода. Повторувајте ја постапката колку што можете почесто, неколку дена по ред.

Маска од мед и цимет

Медот и циметот се одлична комбинација за намалување на било каков вид на воспаленија затоа што делуваат антибактериски. Поради ова нивно својство се одлични за нега на кожата а особено на грбот. Измешајте една лажица цимет со две лажици мед и доколку сакате во  смесата можете да додадете и неколку капки лимонов сок.