Рецепт за побрз раст на косата
Ќелавоста и опадањето на косата е проблем и за двата пола. Постојат повеќе фактори поради кои ова може да се случи освен старост и наследност тука се и токсините во исхраната, стресот, загадената животна средина и слично. Третманите за трансплантација се многу скапи и не може секој да си ги дозволи. Затоа овој еднставен превентивен метод кој не чини многу и не содржи хемикалии ќе може да Ви помогне да си ја сочувате косата.
Состојки:
– 2 лажици рицинусово масло
– 1 жолчка од јајце
– 1 лажица мед
Постапка:
Земете соодветен сад и измешајте ги добро сите состојки. Нанесете ја добиената смеса на коренот од косата и по должина на влакното. Завиткајте ја главата со кеса и оставете ја маската да делува барем два часа. Потоа измијте ја косата со шампон. Применувајте најмалку еднаш седмично во период од два месеци.
https://www.nane.mk/retsept-za-pobrz-rast-na-kosata/https://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/06/GTY_hair_loss_woman_nt_130828_16x9_608.jpghttps://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/06/GTY_hair_loss_woman_nt_130828_16x9_608-400x214.jpgКоса/ноктиЗдравјеЌелавоста и опадањето на косата е проблем и за двата пола. Постојат повеќе фактори поради кои ова може да се случи освен старост и наследност тука се и токсините во исхраната, стресот, загадената животна средина и слично. Третманите за трансплантација се многу скапи и не може секој да си...Милена СтанишковскаМилена Станишковскаmilena.stanishkovska@hotmail.comAdministratorНане.мк
Напишете коментар