Оваа уникатна диета со варени јајца е исклучително популарна затоа што ветува брзо и трајни резултати, без притоа да мора да гладувате. Доколку не претпочитате варени јајца, истите може да ги замените со подеднакво квалитетни протеини во одредените оброци.

Најдобра алтернатива за нивна замена е со посно месо или риба. Од зеленчукот, дозволен е оној што не содржи скроб, а од овошјата, можете да го јадете она со низок процент на шеќер.

Цели групи на храна се целосно исклучени, затоа не заборавајте да се консултирате со лекар пред да одлучите да ја држите оваа диета.

Пример за дневно мени

  • Појадок: Најмалку 2 варени јајца, заедно со варен зеленчук, пример блитва или спанаќ и салата од домати. Од овошје, можете да консумирате грејпфрут.
  • Ручек и вечера: Варено или печено месо – пилешко или риба, со зелен зеленчук. Дозволено е и парче многу посно говедско или свинско месо.

Што е дозволено, а што не за консумирање?

  • Зеленчук: Tиквички, пиперки, брокула и зачини како лук, босилек, куркума, рузмарин и оригано.
  • Овошје: Портокали, лубеници, бобинки и лимони. Од пијалоци, дозволено е вода или чај и кафе без шеќер.
  • Масти: Кокосово и маслиново масло, а од време на време дозволена е и мала количина на путер.
  • Млечни производи: Од време на време дозволено е нискомаслено млеко, јогурт или сирење.
  • Забрането е: Kомпири, грашок, мешунки, како и банани, ананас или суво овошје, преработена храна или грицки, леб, колачи, алкохол и засладени пијалоци.