Чистење на рерни

Рерните се загадуваат со фантастична брзина. Не грижете се ако рерната ви личи на вистински пекол. Една таблета за миење садови ќе се соочи со сето тоа: изронете ја, измешајте ја во топла вода и исчистете ја темелно рерната и ринглите со неа. Не заборавајте да ја заштитите кожата на рацете со ракавици! Бидејќи таблетите се многу концентрирани, тие брзо се справуваат со загадувањето.
Важно! По чистење добро избришете ги сите површини на рерната со влажен сунѓер, за да се отстранат хемикалиите целосно.

Чистење на валкани садови

Старата загорена тава може да блесне како нова – едноставно ставете ја во топла вода, а потоа додадете внатре искршена таблета за машини за миење садови. Оставете ја така тавата преку ноќ, за да може да впие убаво.
Повторно не заборавајте многу убаво да ги измиете садовите по чистењето. Таблетите за машината се вистинско мало хемиско оружје – затоа треба да бидете многу внимателни за да не остане од хемикалиите на садовите.

Белење на алишта

Раствор приготвен од таблети за машини за миење садови и топла вода, е во состојба на чудотворен начин да ги избели и најтврдите дамки од вашите алишта.
Внимание: Користете само за бели ткаенини, обоените може да ја сменат бојата!
Потребно е да ги оставите алиштата да преноќат во концентриран раствор подготвен од таблетите. Потоа, се разбира, треба да исплакнете многу темелно.

Чистење на машината за перење на алишта

Таблетата за машина за миење садови ќе го исчисти внатрешноста на машината, ќе се соочи со наслагите и ќе ја дезинфицира машината.
Се препорачува еднаш месечно да ја пуштите машината без облека во неа на програма за долго перење при висока температура, поставувајќи во одделот за прашок таблета за машина за миење садови (може и две таблети). Ова значително ќе го продолжи животот на домашните апарати!

Чистење на пластика

Пластичен мебел, лежалки, детски играчки: сè што е изложено на отворен простор, брзо и безнадежно се загадува. Но таблетите прават чудо, може да се справат дури и со најтешките задачи! Ниту трага од птичји измет врз пластичните столчиња, без прашина. Се ќе заблести!

Чистење на тоалетот

Едноставно пуштете една таблета за миење садови во тоалетот и оставете ја така за една ноќ. Утрото ќе бидете поразени од чистотата и белината! Секој милиметар ќе блеска така како сте сонувале.