Граничните службеници на аеродромот ЏФК во Њујорк оваа недела уапсија човек кој се обидел да прошверцува 35 живи птици скриени во витлери за коса.

Кевин Андре Мекензи беше приведен откако пристигна на лет од Џорџтаун, Гвајана, од страна на граничната полиција која откри 35 птици во витлери за коса залепени на внатрешниот дел од палтото и околу глуждовите на патникот.

Не е јасно како шверцерот успеал да ги замолкне птиците за време на патувањето, но за среќа птиците го преживеале скоро шестчасовниот лет и, наводно, биле предадени на Министерството за земјоделство и ветерина на САД.

Се чини како многу напор за да се прошверцуваат птици кои се прилично чести во САД. Но, очигледно, гвајанските врапчиња се профитабилна раса, благодарение на нивната широко распространета употреба во натпревари за „пеење“ на птици.

По апсењето на 26 Април, Мекензи им кажал на полицајците дека му биле понудени 3.000 долари за шверц на птиците.  Мекензи, наводно, е обвинет за нелегално увезување на животни и му се заканува казна затвор од 20 години доколку биде осуден.