Ефективни начини да го зштитите вашиот дом од крадци

Во САД секоја година се случуваат околу 2,5 милиони кражби. Истражувањето покажа дека 46,9% од учесниците немаат инсталиран безбедносен систем, а 17,2% од луѓето не ги заклучуваат влезните врати кога се дома. Иако ова не звучи премногу лошо, тоа може да биде многу опасно бидејќи 34% од крадците влекуваат преку влезната врата.

Не објавувајте каде се наоѓате на социјалните мрежи

Сите споделуваме делови од нашите животи на социјалните мрежи, но објавувањето на вашата локација може да биде многу опасно. Крадците што ве имаат на радар веројатно ги следат вашите објави. Затоа треба да се воздржите од откривање на локацијата кога објавувате слики. Исто така, не споделувајте ја вашата дневна рутина преку интернет, бидејќи крадците ќе имаат јасна идеја за тоа кога да провалат.

Оставете го радиото вклучено кога не сте дома

Повеќето крадци ќе тропнат на вратата или ќе заѕвонат пред да решат да провалат. Ако не слушнат апсолутно никаков звук, тие ќе одлучат да влезат внатре. Доколку слушнат музика тие веројатно ќе се откажат, мислејќи дека некој е дома. Затоа може да биде добра идеја да оставите вклучено радио додека сте излезени.

Ако сте на одмор, можете да купите паметен приклучок и да го вклучите и исклучите радиото од далечина. Утрата и раните попладневни часови се најпопуларните периоди во кои „работат“ крадците.

Паркирајте го вашиот автомобил во двор

Ако планирате да заминете неколку дена или недели, вашиот празен двор може да послужи како отворена покана за крадци. Може да побарате од член на семејството да намине покрај вашата куќа за да провери дали е сè во ред.

Направете мамка со ставање на некои „вредни“ предмети на очигледно место

Понекогаш крадците не се обесхрабруваат од аларм или безбедносни камери. Ќе влезат што е можно побрзо и ќе грабнат сè што ќе најдат пред полицијата да биде повикана. И бидејќи немаат многу време, тие ќе се упатат кон најчестите скривалишта, како ноќна маса или плакар. Затоа земете кутија и ставете лажни пари и накит внатре и оставете ги да мислат дека украле вредни работи.

Запознајте се со соседите

Во малите заедници провалите се поретки. Ова е затоа што сите се запознаени едни со други и се грижат за благосостојбата на сите. Дури и ако сте на одмор, вашиот сосед ќе внимава на сомнителни луѓе што може да демнат околу вашиот дом.

Ставете чаша со монистри зад вашата врата

Без разлика дали сте дома или не можете да ставите чаша полна со монистри веднаш зад влезната врата. Ако некој влезе во вашата куќа, монистрите ќе се растурат насекаде. Крадците сигурно ќе се обидат да ги соберат  но веројатно ќе пропуштат некоја.

Ова е исто така одлична алтернатива за аларм кога сте дома. Ако слушнете како паѓаат монистри на подот, ќе бидете известени дека потенцијален крадец само што провалил во вашиот дом.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *