Колку често фотографирате? Истражувањата покажаа дека понекогаш треба да ги исклучите телефоните и да уживате во моментот

Денес стана вообичаено дека сè што се случува во нашите животи – од некои неважни настани до прослави, годишнини, дружења, посети на изложби и слично, треба да го документираме со камера. Секој ваков настан е придружен со скоро инстинктивен потег да го извадите телефонот од џеб и да фотографирате и / или да направите селфи. Но, дали фотографијата влијае на искуството на ситуацијата, настанот или на пр. уметничкото дело што го гледаме? Една неодамнешна студија спроведена во Соединетите држави на 525 лица покажува дека ваквата фотографија навистина негативно влијае на нашето искуство и меморија на тој настан.

Научен труд објавен во журнал за применети истражувања на меморијата наведува дека претходното истражување покажало различни резултати според кои за некои, фотографирањето настани помага подобро да се запомни настанот, а според други има негативен ефект. Но, ново истражување покажа негативен ефект, нагласувајќи дека фокусирањето на две работи (учество во настан и фотографирање) може негативно да влијае на меморијата на тие настани.

Научник од Универзитетот во Бирмингем, Ребека Лури, вели дека многумина се потпираат на фотографиите  за да „запомнат работи“, но всушност тие имаат помалку сеќавање на деталите за тие настани и моменти што ги доживеале. Гледање на фотографии од овие настани на мобилните телефони доведува до „позитивно чувство на носталгија“, но затоа негативно влијае на оригиналниот момент, објасни таа.

Истражувањето е спроведено така што луѓето кои учествувале во него, разгледувале различни уметнички дела, некои од овие биле фотографирани а некои не. Потоа од испитаниците било побарано да ги препознаат оние уметнички дела што ги виделе и да ги издвојат од низа слични дела. Се разбира, препознавањето беше многу поуспешно на делата кои не беа фотографирани.

Треба да се нагласи дека ограничувањето на оваа студија е нејзиниот фокус на уметноста.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *