Сакате косата да Ви биде сјајна и мека? Еве неколку трикови со кои ќе имате прекрасна свилена коса

Пивото ја потхранува косата

Пивото е одличен тоник за коса кој ги потхранува фоликулите на косата. Протеинската содржина на пивото помага да се поправат оштетените фоликули. Таа веднаш и додава сјај на косата.
Примена: Нанесете пиво на корените на косата, откако ќе ја измиете со благ шампон. Масирајте со пивото во скалпот со кружни движења. Оставете го за околу пет минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Мајонез за сјајна коса

Мајонезот содржи аминокиселини, протеини и антиоксиданси кои се корисни за здрава, сјајна и мека коса. Примена: Нанесете полномасен мајонез на влажна коса веднаш по миењето. Чувајте ја косата покриена со капа за туширање околу половина час. Измијте ја повторно косата со благ шампон.

Јаболков оцет за мека коса

Тој е фантастичен балсам за коса, кој ја прави косата сјајна, мека и навлажнета. Исто така, служи како добро средство за иритиран скалп и првут.
Примена: Јаболковиот оцет измешајте го со еднакво количество вода и нанесете на скалпот. Оставете го неколку минути и потоа измијте ја косата со млака вода.