Децата се многу слатки, а особено кога се обидуваат да ги имитираат големите. Денес ќе Ве запознаеме со Скот, 3 годишно девојче кое се преправа како познатите личности.

Идејата за овој проект е инспирирана од бабата на Скот, на која и бил дијагностициран рак на дојката. Семејството имало потреба да се забавува и да не мисли на болеста.

Избрале познати и храбри жени, кои потсетуваат дека жените се вистински херои!

Семејството на Скот не само што физички ја преправале Скот, тие ја запознавале и со историјата на секоја дама.

Најдобрата вест е што бабата на Скот се излечила од болеста!