Замислувањето и фантазирањето за повеќето од нас се секојдневна работа на која можеби не придаваме многу важност, бидејќи ја имаме таа способност, но не и овие луѓе. Во продолжение прочитајте ги нивните искуства и како тие се справуваат со оваа ретка состојба.

Оваа ретка состојба е позната под терминот ‘афантазија’, a именувана е од неврологот и професор по конгитивност и бихевијоралност, Александар Зиман.

Афантазија преставува ретка состојба при која луѓето ја немаат способноста да визуелизираат во нивната фантазија. При афантазијата, кога луѓето ги затвораат очите настанува комплетно слепило на умот, а тоа им оневозможува да замислат било што. Личностите што ги сакаат или прославите што најмногу им значеле, луѓето кои страдаат од слепило на умот, не можат да ги замислат никогаш.

Еве како е да се живее со слепило на умот:

1. “Мојот сопруг не може да го замисли нашиот свадбен ден”

37-годишната новинарка Пунтеха живее со својот сопруг Енди и пред неколку години се венчале. За подготовките за свадбата вели дека сакала се да биде изненадување и не му ја опишала ниту венчаницата кога ја купила. Едноставно сакала свадбениот ден да биде незаборавен настан.

Но, подоцна, Енди воопшто не можел ниту да се досети, ниту да го замисли тој ден, а Пунтеха била разочарана, мислејќи дека можеби тој ден сепак не му бил важен, па вака се однесува. Но, еден ден во весник прочитала токму за состојбата на афантазија и веднаш отишле на лекар, каде после неколку испитувања, кај Енди била потврдена оваа состојба.

2. “Не можам да го замислам мојот покоен сопруг”

61-годишната мајка на две деца и жена со кариера, Венди Колс од Вормингхол за првпат во 1997-та година забележала дека нема способност за визуелизира нешта во својот ум.

Тоа беше истовремено и ослободувачки за мене. Сега конечно знаев дека не сум бавна ниту глупава.– вели Венди, која постојано водела борба со умот и страдала бидејќи од сите работи, најтешко и било што не можела да го замисли ликот на сопругот кој починал.

3. “Можам да креирам без да замислувам”

38-годишната Клер Стрикленд, од Лондон, не ја гледа својата афантазија како пречка во нејзината способност да црта и дизајнира.

За нејзините креации за шеширите што ги изработува вели дека во умот ги гледа како црно-бели меури, но тоа не и пречи и таа успешно води своја линија на шапки за настани, свечености, па дури и филмски сценарија.

4. “Фотографирам за да го документирам светот околу мене”

58-годишниот инженер, Алан Кендл од Есекс дури и напишал книга под наслов Афантазија: Искуства, перцепција и внатрешни мисли”.

За неговата состојба вели дека прво мислел дека страда од дислексија, се додека еден ден слушајќи го радиото, доктор во една радиоемсија објаснувал за состојбата на афантазија и тогаш Алан знаел дека тоа е тоа, состојбата од која страда.