Медиумите го претставуваат идеалниот маж како висок тип со стомачни мускули. Затоа се верува дека многу жени сакаат маж со дефинирани и цврсти мускули. Но едно онлајн истражување покажа дека жените повеќе се фокусираат на карактерот отколку на изгледот, а тие всушност повеќе ги сакаат мажите кои имаат „малку вишок стомаче“.

„Пивско меше“ е најпосакуваниот тип на тело.

Платформата за запознавање преку Интернет, Дејтинг.ком, спроведе истражување меѓу своите членови за да ги открие нивните преференции за какво тело сакаат да има нивниот партнер. И резултатите беа изненадувачки, бидејќи само 15% од испитаниците споделија дека сакаат тело како на „Барби“ или „Кен“.

За 20% од анкетираните, видот на телото на нивниот партнер не бил важен, бидејќи повеќе се фокусираат на карактерот отколку на изгледот. И скоро 75% споделија дека се обожаватели на „пивско меше“.

Повеќе жени сакаат меки и тркалезни тела отколку мускули и ја споделија причината зошто:

„Затоа што е слатко и силно во исто време. Нема ништо подобро од „пивско меше“ за гушкање“.

“Момците со „меше“ имаат тенденција да бидат поизбалансирани и достапни за другите, што е далеку попривлечно“.

„Од гледна точка на привлечност, тоа е затоа што знам дека се фокусира на нешто поголемо од физичкиот изглед (без разлика дали е работа или семејство), и тоа е привлечен атрибут“.

„Зависи како го дефинирате. Не ми е гајле за стомачните мускули, но силен бицепс и трицепс не ми пречат“.

„Моето момче има „совршено пивско меше“. Тој е силен и атлетски граден, но сака храна. Најдобро од двата света. Не ме плаши неговата фигура. Не чувствувам потреба да вежбам со него. Ако оди во теретана, јас не се чувствувам виновно што останувам дома. Со други зборови, можам да бидам своја.“

„Фит и мускулетсо тело тело ме заплашува и би помислила дека оваа личност можеби нема доволно слободно време да помине со мене (под претпоставка дека поголемиот дел од слободното време го поминува во теретана). Се чувствувам порелаксирано околу некој со просечно тело, бидејќи и моето тело е просечно“.

Што всушност значи да се има „пивско меше“?

Тоа рамнотежа помеѓу тоа да бидете фит и да имате малку поголем стомак – човек кој повремено вежба, но живее  удобен живот и ужива да јаде пица.