Историското слетување на Месечината се претвори во вселенска трка меѓу милијардери откако НАСА минатата година објави дека SpaceX, Blue Origin и Dynetics се натпреваруваат за да ги претворат плановите во реалност.

Илон Маск се нашали на сметка на својот колега мултимилионерот Џеф Безос, велејќи дека  „не може да му се крене (до орбита)“, откако вселенската компанија на основачот на Амазон „покрена жалба“ против НАСА затоа што го одбра ривалот Space X за да изгради вселенско летало кое ќе слета на Месечината.

Blue Origin, компанија за истражување на вселената во сопственост на Безос, поднесе приговор до федералната канцеларија за ревизија, евалуација и истраги против НАСА откако агенцијата склучи договор со SpaceX на Елон Маск во вредност од 2,89 милијарди долари.

Маск се огласи на Твитер за да го задева Безос во врска со жалбата и напиша: „Не може ни да му се крене (до орбита)“.

Барем Безос може да се утеши во фактот дека е побогат од Маск. Сопственикот на Амазон има нето вредност од 198,3 милијарди долари, што го прави најбогатиот човек на светот, според Форбс.

Маск мора да се задоволи со нето вредност од 179,4 милијарди долари и третото место на листата на Форбс.

Францускиот милијардер Бернард Арно и неговото семејство се на второто место со нето вредност од 181,7 милијарди долари.

Администраторот на НАСА, Џим Бриденстин изјави: „Со доделување на овие тендери Америка е речиси до последниот чекор потребен за слетување астронаути на Месечината до 2024 година, вклучувајќи го и неверојатниот момент кога ќе ја видиме првата жена на лунарната површина“.