Познаваме многу етички кодекси и правилата што ги следиме во киносалите, библиотеките, рестораните и во авионите, има многу работи што треба да ги имаме предвид секој ден. Сепак ние често занемаруваме една  важна работа, правилата за гостопримливост. Сите ние сакаме нашите гости да бидат среќни кога ќе не посетат, но во реалноста, ние често правиме глупави грешки што можат да ги разочараат луѓето.

Ви претставуваме чести грешки кои домаќинот ги прави, а гостите ги премолчуваат од учтивност.

Валкан мебел

Веројатно ќе се согласите дека е навистина непријатно кога одите кај некого, седнувате на каучот и еден час подоцна збележувате дека облеката ви е покриена со влакна од домашни миленици. Можеби планиравте да се видите со некој друг истата вечер, но немате резервна облека.

Се разбира не е лесно постојано да чистите по ваште миленици, но треба да обрнете внимание на тоа особено пред да дојдат гости.

Не ги прашувате луѓето што сакаат

Некои од нас пијат зелен чај без шеќер, некои сакаат кафе со крем, а други воопшто не пијат топли пијалоци. Навистина е непријатно кога на гостите им се нуди пијалак што не им се допаѓа, а тие не можат да кажат не затоа што не сакаат да бидат груби. За да избегнете вакви ситуации, подобро е да ги прашате вашите гости што би сакале да пијат.

Нудите храна

Една од најнепријатните работи е кога домаќините инсистираат да го јадете она што ви го нудат. Дури и кога ќе го завршите оброкот тие сакаат да ви дадат малку храна за дома. Но не секој има ист вкус и начин на исхрана. Важно е да запомните дека ако една работа е прифатлива за една личност, тоа не значи дека сите се исти.

Нечист под

Ова е особено важно ако на гости ви доаѓаат мали деца. Децата често играат на подот, лазат и лежат  на него и би било многу непријатно за нивната мајка да сфати дека облеката на нејзиното дете е целата покриена со влакна и нечистотија. Ако некое дете доаѓа во вашиот дом, проверете дали подот е навистина чист.

Неред во бањата

Многу е незгодно кога сфаќате дека копчето за пуштање вода не работи, нема топла вода за да ги измиете рацете или нема  тоалетна хартија! Затоа треба да ги предупредите гостите за секаков вид проблеми со бањата и тоалетот за да избегнете непријатни ситуации. Исто така, проверете дали бањата е чиста.