За Раковите, Девиците, Водолиите и Стрелците често се вели дека се луѓе со добар дух и позитивна енергија, кои едноставно не знаат да бидат злобни. Но, кои хороскопски знаци се позлобни од другите? Одговорот, се разбира, може да се најде во токму во ѕвездите.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

Но, затоа Скорпиите можат. Астролозите ги опишуваат како арогантни и безмилосни кон оние кои се наоѓаат во немилост со нив. Според некои истражувања, Скорпиите главно колнат, изневеруваат и ги кршат сообраќајните прописи без каење.

По нив следат Близнаците кои сакаат да се одмаздуваат. Со оглед на двојната природа на нивниот знак, тие честопати се лицемерни и може да се обложите дека едно зборува во вашето лице, а друго зад вашиот грб.

Трет најзлобен знак се Јарците кои се ладни, склони кон контролирање, често ги обвинуваат други за своите грешки и грубо се однесуваат кога работите не одат според нивниот план.