Денешниот 12.12.2020 е најмоќниот ден во годината – Крај на еден период и еве што нè очекува од утре

Нумеричките секвенци се гледаат во нумерологијата и духовноста како ангелски броеви, односно серија броеви што ви носат моќни пораки од Универзумот. Тоа означува крај на еден циклус и отворање на целосно нови поглавја.

12.12. се смета за најмоќен ден во годината, се отвора порталот со број 12, и оваа серија на броеви ја носи потребната енергија за позитивна трансформација, и на сопственото битие и на односите со другите.

Оваа нумеролошка низа ќе му донесе на секој од нас одредена моќна порака од универзумот. На пример, ако сте на погрешен пат, ќе се појави чувство што ќе ве охрабри да се вратите на крстосницата на животот и да одберете добар пат за себе. Или, ќе станете свесни за вашите грешки во минатото и ќе знаете кои аспекти од вашиот живот треба да се променат за да станете најдобрата верзија за себе.

Во 2020-та година, серијата броеви 12-12 е посебна и различна затоа што се случува истовремено со големиот спој на Сатурн и Јупитер, односно голема доба на Водолијата.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

12 е моќен број во нумерологијата што ги симболизира позитивните промени, но тие се јасни, лесни и директни. Тоа означува крај на еден циклус и отворање на нови врати на животот во кои ќе можете да се соочите со предизвиците и да пронајдете повеќе надеж за годината што доаѓа.

Единицата претставува нов почеток и лидерски способности, а двојката е бројот на рамнотежата и хармонијата. Кога се комбинираат, тие даваат моќна низа и силна енергија што поттикнува самореализација. Во астрологијата, оваа бројка се совпаѓа со спојот на Сатурн и Јупитер, редок астро аспект што носи среќа и шанса за просперитет.

Исто така, оваа серија нè охрабрува да градиме подобри односи и врски со блиските луѓе, да простиме и да обновиме некои стари пријателства во љубовта. Тоа нè охрабрува да се поврземе со сопственото битие, да ги прочитаме кодовите на нашата сопствена душа и да сфатиме што е тоа што веќе не ни е потребно и што нè саботира. Таквата енергија треба да се ослободи и да се прифати новата космичка моќ на промената што ни доаѓа.

Во текот на овие денови, вежбајте оптимизам и развој на вашата имагинација и не заборавајте дека најголемите чуда се случуваат токму кога најмалку ги очекуваме!

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *