Во животот на речиси секоја жена, порано или подоцна, доаѓа момент кога истата посакува да се оствари во улогата на мајка. Со донесувањето на одлуката да се стане родител, следуваат и неизвесните моменти на утврдување на бременоста. Но, првите денови по зачнувањето симптоми на бременост веќе се појавуваат, иако се многу краток период за да се воспостави точна дијагноза, а повеќето тестови за бременост, не се дизајнирани за утврдување во оваа етапа.

Тогаш од голема помош може да ви бидат основните симптоми на бременост, кои може да откријат дека настапила бременоста, дури и во нејзината најрана фаза.

Најраните симптоми на бременост, кои повеќето жени не ги забележуваат

Најраните симптоми на бременост

Во првите денови, откако ембрионот се прикрепил кон матката, жената може да почувствува чувство на неудобност од подуеност и болка во градите. Тоа ја покажува преголемата чувствителност на градите, при што дури и само еден мал нежен допир може да предизвика неудобност.

simptomi na bremenost

Неудобноста и тежината во оваа фаза исто така започнуваат да ги загрижуваат жените по имплантацијата на ембрионот во матката. Овој симптом се смета за многу индивидуален, што значи дека кај секоја жена може да се манифестира на различен начин.

Најраните симптоми на бременост, кои повеќето жени не ги забележуваат

Уште во првите денови по зачнувањето, многу дами може да искусат и нерасположеност, па дури и чувство на гадење. Бремените жени лесно може да ги променат своите навики. Храната која им била омилена пред бременоста, сега може да им изгледа сосема невкусно.

симптоми на бременост

 

Останати помалку познати симптоми

 

Исто така, за време на овулацијата, жените може да се соочат со обилен, леплив и проѕирен секрет. Тоа го олеснува движењето на сперматозоидите и ја прави средината погодна за истите. По овулацијата, секретот станува бел и густ. Истиот ја задржува оваа форма во текот на целата втора фаза од циклусот.

На 7-от или 10-от ден од зачнувањето, многу жени може да забележат мали кафеави, жолти или црвни дамки, а тие дамки го означуваат прицврствувањето на ембрионот на ѕидовите од матката. Процесот на имплантација продолжува околу 40 часа, откако започнува периодот на развој на ембрионт, кој продолжува до 8-та недела од бременоста.

За време на имплантацијата на ембрионот, телото на жената доживува еден вид шок поради новонастантите процеси во организамот. Па, затоа зголемувањето на телесната температура до 37 степени е сосема нормално.

Во тие денови, жената може да се чувствува замор и нерасположеност. Причината за лошата здравствена состојба се должи на појавата на треска и намален имунитет. Факт е дека во текот на овој период, телото на жената реагира на ембрионот како на туѓо тело и се обидува да се бори со него.

Може да откриете дали сте бремена со обичен домашен тест: Ќе ви биде потребна тегла со јод, лист хартија и мало количество на свежа урина. Неопходно е да го навлажните листот хартија со урината, а потоа да капнете неколку капки јод врз истата.

Доколку јодот не ја промени својата боја и остане кафеав, тогаш не настапила бременост. Кај бремените жени, урината реагира на јодот и станува виолетова.