Најверојатно многу пати сте прочитале за јаболковиот оцет и лековитите придобивки од истиот. Така на пример, оцет измешан со мед и чаша вода ќе придонесе за ефикасно прочистување на организамот и ќе го активира процесот на слабеење.

За таа цел, за денес ви откриваме како лесно може да приготвивте оцет во домашни услови, стар рецепт, веќе одобрен од претходните генерации, а кој многу се употребувал низ годините.

Домашен јаболков оцет

Потребни состојки

  • Секакви јаболка (Несозреани, гнили, кисели, тврди)
  • Мед (1 супена лажица на 1 кг јаболка)
  • Парче сув ‘ржан леб

Начин на подготовка

Од гнилите јаболка отстранете го зафатениот изгниен дел, како и дршките и или сомелете го овошјето во форма на каша или едноставно исечете го на ситни делови.

Следно, додадете го и медот и добро измешајте ги состојките, притоа оставете ја смесата да отстои 30 минути, додека јаболката да го испушти својот природен сок.

Потоа додадете 1-2 чаши ладна вода на 2.5 кг јаболка (Доколку јаболката е сомелена, тогаш смесата треба да биде поретка).

Преместете ја смесата во стаклен сад или тегла од 3 литри, така што истата ќе исполни 2/3 од садот.

Во јаболковата каша потопете парче ‘ржан леб, а потоа затворете го грлото на теглата со парче ткаенина и добро прицврстете. Складирајте ја телгата на топло темно месо со температура од 20-30°C и оставете ја смесата да отстои така во следните 10 дена, при што потребно е од време на време да ги промешувате состојките.

По 10 дена, прецедете ја течноста и складирајте ја во шише или тегла, а потоа повторно е потребно садот да го затворите со парче ткаенина.

Овој пат, течноста оставете ја да отстои 40-60 дена на топло, темно место.

На површината по одреден период ќе се појави пена, која е потребно да се акумулира на дното и така оцетот ќе стане јасен.

Откако овој процес ќе заврши, повторно прецедете ја течноста и складирајте ја во чист сад.

Оцетот тогаш ќе биде спремен за користење, а покрај за готвењето на вкусни јадења и салати, може ефикасно да го употребите и во бројни домашни козметички третмани.