Речиси секој човек, барем еднаш во својот живот, се соочил со опстипација и таа вообичаено не е сериозна. Болката во стомакот и подуеноста се најчестите непријатни симптоми кои се појавуваат со истата.

Постојат неколку причини за појава на опстипација: Недостаток на движење, возраст, стрес, лекарства, недостаток на хранливи влакна и витамини итн. Возможно е и опстипацијата да биде резултат на одредено заболување, поради што е неопходно да се консултирате со вашиот лекар, за да ја утврдите точната причина.

Воедно, денес ви го претставуваме рецептот за најдоброто природно средство, кое лесно се приготвува, а го решава проблемот и со најтешката опстипација. Благодарение на овој природен лек, вашето дебело црево ќе биде прочистено од отрови и истовремено, ќе го спречите задржувањето на вишокот течности во организамот.

Најдоброто природно средство за слабеење и против опстипација

Потребни состојки

  • 1 шолја урми
  • 1 шолја сини сливи
  • 5 шолји врела вода

Начин на подготовка и употреба

Исечете ги урмите и сливите на мали парчиња и полејте ги со вода. Варете ја смесата, додека да стане густа. Добиеното количество ќе биде доволно за употреба 3 недели.

Консумирајте по 1 кафена лажица дневно од природниот лек. Истиот може да го користат луѓето од секоја возраст.

Зошто овој природен лек е ефикасен?

Сините сливи и урми содржат големо количество на хранливи влакна, како и сорбитол, кој важи за природен шеќер, кој значително го олеснува и ублажува празнењето на организамот.