Знаете дека родителството воопшто не е лесно и има многу предизвици. За да ви помогнеме, ви нудиме неколку вредни совети од целиот свет.

Италија: Игнорирајте

Кога детето се однесува како мал терорист, Италијанците се однесуваат ладно кон него, го оставаат да си игра додека не се умори и научи дека таквото однесување не му помага да го добие она што го сака.

Полинезија: Постарите деца се најдобри дадилки

Кога бебето може да оди, го доверуваат на поголемите браќа / сестри или пријатели во заедницата. Ова им помага на децата да се научат на поодговорно размислување.

Франција: Зборувајте му на вашето дете како на возрасен

Бебешкото зборување е за бебињата. Наместо да ги преправаат гласовите како да вдишуваат хелиум, француските родители им зборуваат сосема природно на своите деца. Тие сметаат дека на овој начин се охрабрува позрело однесување и покажува почит.

Данска: свеж воздух е важен за добро здравје

Данците се дефинирани за најсреќната нација во светот. Тие веруваат дека свежиот воздух е исклучително важен, затоа дури и при ниски температури децата играат надвор. Што се однесува до бебињата, тие често се оставани да спијат на отворено, додека нивните родители се во некој ресторан. Звучи откачено, нели?

Индија: Малите деца не треба да спијат сами

Бидејќи во повеќето индиски домови просторот е ограничен, семејствата често спијат заедно, а децата спијат со родителите до 6-годишна возраст.

Јапонија: Дајте им независност од рана возраст

Бидејќи државата има многу мал процент на криминал, тоа им овозможува на јапонските родители да ги поттикнуваат децата од мали да се справуваат сами. Не е реткост да наидете на 5-годишно дете кое патува во метрото без родител или пак само го обиколува градот.

Австралија: Без капа, нема игра

Со исклучително топла клима, соодветна заштита против силното сонце е важна за одговорните родители. Учениците дури имаат специјална опрема, а ако не носат капи (кои ќе ги заштитат од топлотниот удар), не можат да играат надвор со своите другари.