Ако сте љубители на домашни соленки, грисини, пуканки и секакви други видови на грицки, денешниот предлог сигурно ќе ви се допадне. Ви нудиме еден лесен рецепт за крцкави интегрални домашни соленки со маслинки и семки, која се подготвува за не повеќе од половина час.

Потребни производи:

100 гр Интегрално брашно или друго по избор

2 јајца

100 мл јогурт

1 лажиче сода бикарбона

10-тина црни маслинки (без коска)

50 мл маслиново масло за готвење

малку сол

зачини по избор

семки или ореви

Начин на подготвување:

Ставете ги сите производи (без семките) во блендер и блендирајте до добивање на мазна смеса.

Ставете ја смесата во слаткарски шприц и направете ги со саканата должина и дебелина на хартија за печење.

Посипете со семките и снегулките кои сте ги избрале.

Печете околу 10-12 минути на 180 степени со вклучен вентилатор.