За целосно и ефикасно прочистување на дебелото црево е потребно многу повеќе од промената во навиките во исхраната. Токсините може да предизвикаат главоболка, замор и лошо расположение.

Токму за оваа цел, денес ви го откриваме најдобриот домашен рецепт благодарение на кој ќе се ослободите од штетните наталожени токсини на природен начин, без многу труд, а со тоа ќе го обновите вашиот организам и повторно ќе се чувствувате здрави и свежи.

Природен рецепт за ефикасно прочистување на дебелото црево

Потребни состојки

  • 1 јаболко
  • 1 супена лажица сомелено ленено семе
  • 1 кафена шолја вода
  • 1 супена лажица чиа семе
  • 1 кафена лажица мед

Начин на подготовка и употреба

Исечете го јаболкото на парчиња, а потоа заедно со водата и лененото семе додадете го во блендер и добро измешајте ги состојките заедно. На крај во добиената смеса додадете ги чиа семето и медот и мешајте 5 минути до добивање на една соединета смеса.

Добиениот напиток се пие наутро и наеднаш, на празен стомак, а потоа 1 час не треба да консумирате никаква храна. Практикувајте го овој лесен домашен третман 1 недела за да го постигнете чудесниот ефект.