На сите ни се случило барем еднаш,телото да ни се наежи и на кожата да ни се појават мали ситни точки. Тоа најчесто е резултат на ниските температури, а може да биде и возбуда при допир од партнерот.

Но, за време на летниот период, при температури од 30°C и повеќе всушност е сигнал кој не треба да го игнорираме. Важно е да ги препознаеме знаците, за да можеме да пружиме соодветна прва помош на себеси и нашите најблиски.

Високите температури се одлични за време на есенскиот и зимскиот период, кога им се насладуваме на сончевите зраци, но тие не секогаш ни влијаат позитивно. Затоа, потребно е човекот да обрати посебно внимание на сигналите кои му ги испраќа телото, кога горештините не се одразуваат најдобро врз истиот.

Еден од тие симптоми е токму наежената кожа. Доколку надвор е навистина топло, а целата ваша кожа е наежена, тоа може да биде опасно. Наежената кожа во таков случај, при високи температури може да биде првиот предзнак за топлински замор на телото, кој често му претходи на топлотниот удар.

Истиот може да биде предизвикан не само по долга изложеност на Сонце, туку и поради прегревање на телото. Дополнителните симптоми на топлотниот удар се брзото пулсирање, прекумереното потење, заморот, зашеметеноста или студените бранови.

Овие непријатни ситуации може да се појават уште на почетокот на првите горештини, бидејќи телото сè не навикнало на новите временски услови.

Прва помош при топлотен удар

Доколку вие или некој од вашите најблиски се соочува со оваа состојба, потребно е да овозможите соодветно ладење на телото и да се консултирате со лекар.

Доколку е неопходно, пружете си себеси или на некој друг прва помош. Тоа значи застанување под сенка или на некое поладно место и легнување во хоризонтална положба. Се препорачува нозете да бидат кренати нагоре, при што на овој начин ќе протокот на крвта кон мозокот ќе биде зголемен.

Потребна е и зголемена консумација на вода, во мали, но почести количини.

На вратот и задниот дел поставете мокра студена крпа, а потоа телото треба внимателно да се облее со вода, која не треба да биде поладна од 20°C