Бразилскиот уметник Едуардо Сантос познат како Едул верува дека секој може да биде силен како и секој може да биде силен како ликовите на Марвел. За да го покаже тоа, Едул креирал ислустрации во кои модели со „плус“ големина се ставени во улога на супер-херои.

„Работев на оваа тема веќе скоро 6 години. Сакам да му покажам на светот дека сите жени се убави. Тие можат да бидат различни од социјална или визуелна гледна точка, но сите тие се убави.“, вели Едул.

Тој исто така додава дека некои луѓе го критикуваат затоа што на овој начин наводно промовирал „гојазност“, но тој смета дека само сака жените да се чувствуваат добро во своите тела.