Коренот од ѓумбир содржи огромно количество на микро и макро елементи, витамини и незаситени аминокиселини. Токму во сокот од истиот се сконцентрирани сите овие златни вредности.

Лекарите го препорачуваат пиењето на сокот од ѓумбир за зајакнување на имунитетот, како и при зголемен емоционален и физички стрес. Овој чудесен напиток не само што ќе ви помогне да го зајакнете здравјето, туку и ефикасно и трајно да им ставите крај на вишокот килограми.

Придобивки од сокот од ѓумбир

  • Ја подобрува дигестијата и ги регулира движењата на цревата
  • Го забрзува метаболизамот
  • Ја намалува болката во мускулите
  • Помага да го спречите чувството на гадење
  • Ги отстранува токсините од организамот

  • Го зајакнува кардиоваскуларниот систем
  • Ја подобрува состојбата на кожата, косата и ноктите
  • Ја подобрува потенцијата
  • Ги согорува масните наслаги

Рецепт за сок од ѓумбир

Потребни состојки

  • 200 гр корен од ѓумбир
  • 120 мл сок од лимон
  • 2 супени лажици мед
  • 1 литар вода

Начин на подготовка

Сомелете го измиениот корен од ѓумбир со пасатор или изрендајте го. Кон истиот додадете мед, сок од лимон и вода. Добро измешајте ги сите состојки заедно, а добиената смеса складирајте ја во ладилникот на 2 часа. Може да го оставите да отстои и во текот на ноќта.

Следниот ден, прецедете го сокот и слободно консумирајте го кога ќе посакате.

Сокот од ѓумбир не треба да го консумираат

  • Луѓе кои страдаат од алергија
  • Деца
  • Бремени жени
  • Луѓе кои страдаат од воспаленија на дигестивниот систем
  • Кои страдаат од хипертензија