Понекогаш, кога се чини дека нашите желби никогаш нема да се остварат, се случува чудо и го добиваме токму тоа што го сакаме. И главниот лик во следната приказна не е исклучок од ова. Нејзините родители не можеа да си дозволат да купат фустан по повод нејзината матурска забава.

Сиромашните родители не можеа ниту да си дозволат изнајмување на балски фустан, при што девојчето немаше друг избор освен да се откаже од прославата, но токму тогаш се случи вистинско чудо!

Гледајќи ја својата сестра тажна, Маверик Франциско Ојао, се вклучи да помогне така што тој лично го направи фустанот од материјалите што успеа да ги купи. Приказната стана неверојатно популарна на Фејсбук каде Маверик го сподели целиот креативен процес.

Сè започна кога училиштето ги објави претстојните датуми за матурските прослави за помалите и повозрасните. Но, едни родители не можеа да си дозволат да изнајмат ниту да купат балски фустан за нивната ќерка. А сестрата на Маверик навистина сакаше да присуствува на матурската вечер.

Маверик се чувствуваше крајно тажен за целата работа и токму тогаш тој доби идеја да создаде фустан од достапните материјали што може да ги најде на пазарот. Но, бидејќи целиот процес на дизајнирање беше тежок, тој се откажа. Сепак, гледајќи ја својата сестра неверојатно тажна, Маверик реши да проба уште еднаш. Тој пребара разни типови балски фустани на Јутјуб и Гугл и наиде на пролетната и летната колекција на Мајкл Цинко каде го пронајде совршениот фустан што реши да го создаде со свои раце.

„Ова беше мојот прв ден. Бев нервозен и не знаев од каде да започнам. Исеков 9 парчиња сина ткаенина, ги украсив со сатенска лента и ги зашив сите заедно за да направам здолниште.“

„Бидејќи немаше простор во куќата, го испробавме здолништето надвор. 50% од работата беше завршена – фустанот на сестра ми беше скоро готов.“

„Користев цветни детали за здолништето.“

„Бојадисав син омбре корсет за да одговара со нијансата на долниот дел од фустанот. Ќе се вратев од училиште и ќе работев на фустанот. Понекогаш бев крајно уморен, но замислувајќи го резултатот, добив енергија да продолжам со напорната работа.“

„Она што најмногу го сакам на целиот фустан се ракавите.“

„И конечно – денот што никогаш нема да го заборавам! Дури и плачев од радост затоа што сите тие непроспиени ноќи се исплатеа.“

„И еве ме со сестра ми. Не очекував да го завршам на време. Дури се сомневав дали можам да го направам ова или не затоа што концептот беше различен од она што веќе го правев. Пресреќен сум што ја гледам сестра ми среќна.“