Секој родител сака подобар живот за своите деца и се обидува да ги научи на она што тие самите сметаат дека е правилно. За жал, возрасните понекогаш прават грешки и поттикнуваат целосно непотребни, па дури и штетни ставови кај нивните деца.

Еве кои се најчестите „вистини“ во кои сè уште веруваме, но треба да ги фрлиме во заборав

8. Среќата мора да се заработи

Среќата е природна како болката, радоста, тагата, смеата и сè друго, така што е достапна за апсолутно секој. Но, честопати, луѓето мислат дека сè уште не работеле на својот живот доволно напорно, така што не заслужуваат ништо добро. Потоа тие неволно почнуваат да ги саботираат сопствените обиди да станат посреќни.

Првото нешто што треба да направите е да се ослободите од некои митови, како што парите носат среќа; среќата се намалува со текот на годините; некои луѓе се посреќни од другите и ништо не може да се стори во врска со тоа; или дека среќата бара силна, здрава врска со саканата личност.

Втората работа е да научите како да се чувствувате среќни овде и сега. За да го направите ова, доволно е да следите едноставни правила – искрено да им се заблагодарите на другите луѓе за помошта, да инвестирате време во комуникација со среќни луѓе, да дадете комплименти, да се радувате на среќата на другите и да уживате во секој момент од вашиот живот. Запомнете, можете да се чувствувате среќни дури и ако само гледате како ветерот танцува со гранките на дрвјата.

7. Мора да ги слушате возрасните затоа што тие се попаметни

Зрелата возраст воопшто не е синоним за висока интелигенција, па затоа не вреди секогаш да се слушаат советите на постарите колеги или роднини. Се разбира, ова треба да се направи на љубезен начин, бидејќи постарата личност заслужува почит. Но, почитувањето и послушноста се сосема различни работи.

Главниот проблем е што послушното дете ќе порасне во послушно возрасно лице. Таквата личност е одличен извршувач на обврските  но тешко дека ќе може да донесува сопствени одлуки. Голема е веројатноста дека ќе биде туркани и искористена и нема да може да застане зад себеси затоа што ќе биде навикната да се покорува.

6. Секогаш мора да бидете љубезни, и еден ден, некој исто така ќе ви се оддолжи со љубезност

За жал, нашиот свет е често неправеден. Во реалниот живот, правилото „Биди љубезен со луѓето и тие ќе бидат љубезни со тебе“, ретко функционира во секоја ситуација.

Детето треба да го знае ова од детството, бидејќи во одреден момент ќе се соочи со овој проблем во зрелоста. Колку побрзо помладите луѓе ќе научат дека се случуваат непријатни работи во светот, дури и на добрите, подоцна полесно ќе им биде животот.

Неправдата ќе биде насекаде – еден човек ќе заработи унапредување со чесен труд, но синот на неговиот шеф всупност ќе го добие; ураганот ја уништи куќата на соседот од десната страна, додека левата ќе остане здрава итн.

Детето треба да разбере дека во животот ќе има многу такви неправедни работи и треба да научи да ги прифаќа и надминува.

5. Добрата сопруга мора да готви добро

Веројатно сте слушнале приказни за мажи кои живеат сами и не можат да зготват ниту пржени јајца или да сварат супа. Овој проблем произлегува од детството – родителите ги учат своите деца дека жената треба да готви и дека мажот мора да може да работи со рацете, како на пример да поправа и да гради работи.

Крајно време е да ги перцепираме и момчињата и девојчињата како обични луѓе на кои им се потребни основни вештини за преживување. Секој, без оглед на полот, треба да може да го исчисти својот животен простор и да знае како да направи основно јадење за да може да се прехрани.

4. Треба да бидете „нормални“ и да не се разликувате од остатокот од толпата

Да се ​​биде „нормален“, за многу родители, значи голем број на различни работи, како на пример користење на десната рака наместо левата; носење облека што се смета за пристојна и соодветна; хоби кои одговараат на полот или возраста и многу други слични работи.

И додека одредуваат што е „нормално“, возрасните се водат, по правило, од тоа како изгледаат и се однесуваат другите деца што ги познаваат. Веројатно барем еднаш ве споредувале со некого во вашето детство – соседот од петтиот кат кој имал само 5-ки по математика или вашата братучетка која успешно ги совладала танцувањето, играњето тенис и пеењето. Поради ваквите споредби и желбата да се осигураат дека нивното дете ги исполнува „просечните“ стандарди, родителите буквално ја уништуваат нивната посебност, иако секој е индивидуа.

Единствената валидна споредба е онаа што ќе си ја направите самите со себе. Ако пред една година, детето можеше да чита 20 зборови во минута, а денес чита 40 зборови, тоа е одлично, дури и ако сите други читаат по 50 зборови во минута долго време.

3. „Нормалните“ луѓе јадат се што имаат на нивната чинија

Принудување на дете да изеде цела чинија храна, ако не сака е погрешно. Јасно е дека желбата да се контролира квантитетот и квалитетот на храната се случува затоа што родителите сакаат да бидат сигурни дека детето е здраво, сепак, ова може да доведе до цела група проблеми од прејадување до тајно консумирање на омилената храна.

Едно дете, дури и ако е мало, треба да дозволите  само да почувствува кога треба да јаде, во спротивно, ќе го изгуби чувството на глад и ситост и може да добие вишок тежина. Техниките за уцени, како што се зборовите: „Изеди ја брокулата и ќе ти дадам колаче“, обично доведуваат до истите страшни резултати.

За децата, ненадејната промена на преференциите на вкусот и повременото губење на апетитот се сосема нормални.

2. По секоја цена мора да избегнете конфликт

Избегнувањето конфликт не е најдобриот начин за решавање на проблемите. Секое дете треба да знае што да прави ако се најде во несогласување со некого, особено ако тоа е со неговите врсници. Ова знаење ќе има големо влијание врз нивниот возрасен живот бидејќи скоро секој ден се соочуваме со конфликтни ситуации.

Се разбира, во ниту еден случај не се вели да ги учиме децата како да се борат и расправаат, но мора да знаат дека најдобриот начин да се реши проблемот е да се постигне компромис со противникот.

1. Ако некоја личност поседува скапи работи, таа постигнала многу во животот

Од детството, нè учат дека луксузните добра се индикатори за успехот – како големи станови, летни куќи, приватни базени, модерни уреди, скапи автомобили и така натаму. Иако, во реалноста, нивното присуство значи само дека неговиот сопственик има пари за „играчки“, а некои луѓе дури земаат заеми за да ги купат овие работи.

И покрај тоа што луѓето околу нив сè уште автоматски мислат дека личноста со луксузни добра успеала во животот, секој треба да има своја дефиниција за успех. Некои луѓе сонуваат да имаат големо хармонично семејство, други сакаат покачување на работното место, а некои сакаат само да патуваат низ целиот свет и воопшто да не поседуваат ништо.

Најважното нешто што треба да направите е да не се лажете себеси. Дали навистина сакате да бидете успешни или сакате сите околу вас да мислат дека сте успешни?