Желбата речиси на секоја жена е секогаш да изгледа слабо, затегнато и елегантно. Сега конечно оваа желба може да стане вистинска реалност, доколку го вклучите следниот моќен напиток во вашето дневно мени.

За денес ви подготвивме рецепт за неверојатно вкусен и здрав напиток, кој во 7-дневен предизвик, ќе го доведете вашето тело во форма и со чија помош ќе бидете 1-2 броја послаби.

Напитокот со ѓумбир е користен од најубавите жени во светот уште во древно време. Активните состојки на овој ароматичен коктел го стимулираат и забрзуваат метаболизамот, ја подобруваат циркулацијата на крвта и воедно ја зголемуваат отпорноста на организамот и го штитат од разни инфекции и ја нормализираат состојбата на дигестивниот тракт.

Течна „бомба“ за слабеење

Потребни состојки

  • 4-5 цм корен од ѓумбир
  • 5-10 гр свежа мента
  • 1 грејпрут
  • 1 супена лажица мед
  • 500 мл вода
  • 1 стапче цимет
  • 5-10 гр кардамон

Начин на подготовка

Коренот од ѓумбирот и ментата се сечкаат на ситни парчиња, а потоа се додаваат во блендер. Потоа, во блендерот исто така се додаваат циметот, кардамонот и се налева топла вода. Откако состојките ќе бидат сомелени и соединети заедно, се остава добиената смеса да се излади за 30 минути.

Кога смесата ќе се излади, прецедете ја истата и додадете го сокот од исцедениот грејпфрут и медот.

Се препорачува во текот на неделата, пред секој појадок и вечера, да се пие по 200 милилитри од овој здрав напиток.

Првите резултати ќе ги добиете веднаш по првата недела од неговата редовна консумација, а за поголеми и повидливи резултати, потребно е што подолго да ја пиете течната „бомба“