Грижата за кожата во домашни услови е најважниот предуслов за да ефикасно ја зачуваме свежината и беспрекорниот изглед на кожата.

Доколку немате премногу слободно време, постои еден едноставен и лесен третман, кој може да го направите дома, а чии резултати ќе ви дадат загарантирана совршена кожа!

Првиот чекор токму до беспрекорната кожа е ексфолијацијата преку која успешно се отстрануваат токсините од клетките  и кожата го обновува тенот и здравиот сјај.

За таа цел, ќе ви помогне употребата на алкалната маска. Третманот со истата трае 1 недела, а истата треба да се нанесува на лицето до 3 пати во текот на неделата т.е на секои 2 дена.

Во продолжение откријте како да си ја направите истата во домашни услови:

Алкална маска

Потребни состојки

  • 3 супени лажици сода бикарбона
  • 1 кафена лажица мед
  • 3 капсули течен витамин Е
  • 3 кафени лажици пресно млеко
  • 1 кафена лажица цимет

Начин на подготовка

Во мал и длабок керамички сад, додадете ги и добро измешајте ги сите горенаведени состојки, до добивање на мазна смеса.

Начин на употреба

Нанесете ја маската на целото лице, притоа избегнувајте ги зоните околу очите и устата. Со нежни движења, масирајте го лицето, така што смесата побрзо ќе се апсорбира во кожата. Потоа оставете ја маската да отстои 10-15 минути.

По изминатиот временски период, исплакнете го лицето со топла вода.

Зошто оваа маска е ефикасна

Содата прави вистински чуда т.е ефикасно ја ексфолира кожата и успешно ги отстранува мртвите клетки, додека пак медот длабоко навлажнува и има антибактериски својства.

Витаминот Е ја потхранува и штити кожата од акумулирање на маснотии, како и од студеното време, а циметот ја поттикнува циркулацијата на крвта при лицето, што резултира со здрав и свеж сјај на истото.