Одржувањето на хигиената на нашата усна празнина, како и забите е од витално значење за нашето целокупно здравје.

За денес ви откривмае едноставен домашен и природен рецепт кој ќе ви помогне значително да го намалите присуството на забниот камен и кој притоа ефикасно прочистува и штити од разни бактерии, го отстранува лошиот здив и ви дава блескава насмевка.

Домашно средство за прочистување на устата и забите

Потребни состојки

  • 1 супена лажица сода бикарбона
  • Половина шолја шолја водород пероксид (3% кислородна вода)
  • Половина кафена лажица сол
  • Половина шолја топла вода
  • 1 чаша ладна вода

Начин на подготовка

1. Измешајте ја содата со солта. Следно, потопете ја вашата четка за заби во топла вода, а потоа потопете ја во добиената смеса и добро исчеткајте ги забите и потоа исплакнете.

2. Потоа измешате го водородот пероксид со топла вода и плакнете ја вашата уста, во времетраење од 1 минута.

3. Овој едноставен домашен третман може да го практикувате до 2 пати неделно.

4. Внимавајте и не заборавајте дека ова домашно средство во ниту еден случај не треба да го голтнете, бидејќи е штетно.