Без разлика дали станува збор за неактивен начин на живот, повреда, возраст, артиртис или ревматизам, болката во зглобовите пропратена со воспаление на мускулите, е многу непријатна и притоа значително може да го отежни нормалното функционирање на личноста во секојдневието.

За оваа цел, денес ви го откриваме еден од најдобрите домашни рецепти за чудесен мелем, кој веќе по првото нанесување, значително ги ублажува болките. Еве како лесно да го подготвите.

Моќен домашен мелем против болки во зглобови

Потребни состојки

  • 1 супена лажица сенф
  • 1 супена лажица мед
  • 1 супена лажица сол
  • 1 супена лажица вода

Начин на подготовка и употреба

Измешајте ги сите состојки заедно до добивање една хомогена смеса и истата складирајте ја во соодветен сад, а садот поставете го во ладилникот (не повеќе од 6 дена, бидејќи во втората недела мелемот може да ги изгуби лековитите својства). Со цел мелемот целосно да ги пренесе неговите својства, пред да го нанесете, направете топла облога, а потоа со триење нанесете го мелемот врз болното место, завиткајте со завој или фолија, а потоа и со крпа и оставете го лекот да дејствува 2 часа, а потоа исплакнете обилно.

Треманот трае 5 дена, а во случај на чувство на непријатност, измијте го мелемот и следниот пат, нанесете помалку мед и сенф.

Самиот мед е богат со супер својства кои го прават неверојатен лек за многу работи, а притоа и ја омекнува кожата. Солта и сенфот имаат затоплувачки својства.