Несаканите вишок килограми се вечна дилема и проблем на милион дами ширум светот, а понекогаш предизвикуваат голема нервоза кога ни е потребно побрзо да ги добиеме посакуваните резултати. Токму следниот моќен диетален коктел ќе ви го овозможи тоа!

Моќен домашен коктел за брзо и ефикасно слабеење

Потребни состојки

  • 1 супена лажица брашно од хељда
  • 1 кафена лажица мед
  • 200 мл кисело млеко со масленост до 2.5%
  • 1 грст сомелен ѓумбир

Начин на подготовка и употреба

Измешајте ги сите состојки заедно и складирајте ги во стаклен сад. Добиената смеса складирајте ја во ладилникот во текот на една ноќ. Следниот ден, извадете ја смесата од садот и оставете ја да се затопли на собна температура.

На празен стомак, најпрво, консумирајте чаша топла вода со лимон, а по 20 минути, консумирајте го диеталниот коктел. За видливи резултати, потребно е третманот да трае 2 недели. По 2 недели, потребно е да направите пауза и  да продолжите да се храните здраво.

Зошто овој коктел е ефикасен?

  • Мед: Го спречува развојот на некои штетни микроорганизми, го храни телото со потребната енергија и го чисти организамот од токсини.
  • Хељда: Го збогатува телото со витамини, минерали, хранливи влакна, нишесте, здрави масти и моносахариди.
  • Ѓумбир: Го нормализира количеството на примени хранливи вредности, го подобрува варењето на храната, го намалува производството на хормонот кој го активира гладот и кој е главен виновник за зголемување на телесната тежина.
  • Кисело млеко: Ја прочистува цревната микрофлора, ја подобрува функцијата на дигестивниот тракт и ги активира сите потребни елементи неопходни за нормализирање на дигестивниот систем и организамот.