Медот од тиква се смета за еден од најдобрите природни имуностиумулатори, кои важат и за совршен мелем за црниот дроб и бубрезите. Ваквиот мед може да го приготвите многу лесно, без многу труд и кулинарски знаења. Еве зошто треба да го консумирате.

Тиквениот мед се препорачува да се консумира при проблеми со крвниот притисок, заболувања на бубрезите и мочниот меур. Тој ефикасно го прочистува црниот дроб и дебелото црево, а притоа и успешно го намалува холестеролот. Тиквениот мед содржи многу малку калории што го прави и идеален за луѓето со прекумерена телесна тежина. Неговото редовно консумирање значително ќе го зајакне вашиот имунитет, ќе ја регулира зголемената стомачна киселина, ќе ја елиминра несоницата и ќе ги подобри вашите интимни односи.

Како да го приготвите тиквениот мед?

Земете една тиква и отсечете го нејзиниот горен крај во форма на капак со цел да ја издлабите нејзината внатрешност. Потоа исипете шеќер внатре во тиквата така што ќе ја наполните до краевите, а потоа одозгора затворете ја тиквата со исечениот капак и поставете ја во соодветен длабок сад. Неопходно е тиквата да стои во садот додека целосно да омекне, а потоа нејзината внатрешност исипете ја во тегла и тоа е тиквениот мед!

Истиот може да го консумирате без ограничувања, во било кое време, по ваши потреби.