Во дамската чанта може да најдете прилично сè: Резервни чевли, хулахопки, огромна книга, па дури и цела „аптека“. Понекогаш, зачудувачки е како толку огромен број на работи можат да се вклопат во толку мал простор.

Но, според правилата за бонтон, чантите не треба да бидат преполни, што значи дека треба да се ослободиме од неколку бескорисни работи.

Еве листа од 10 работи кои е време да ги исфрлите од вашата чанта:

1. Употребени стапчиња за уши

Памучните стапчиња се апсолутно неопходни затоа што ги користиме секој ден за да ги отстраниме вишокот шминка или тешката маскара. Но, многу често, забораваме дамите забораваат да ги фрлат стапчиња, при што ги враќаат назад во чантата. Некои дури ги користат повеќе од еднаш.

2. Скршена пудра или руменило

Сите некогаш ја скршиле и оштетиле омилената пудра или руменило. Тажно е кога треба да се фрлат, бидејќи вообичаено купувањето на нови не било во план. Па затоа токму многу дами одлучуваат да не ги фрлат и ги оставаат долго време во чантата. Не го одложувајте нивното фрлање!

3. Празни пакувања од апчиња

Не е изненадување што можете да најдете многу апчиња во чантата. Скоро секоја жена има лекови против болки во истата. Единствениот проблем е што дамите често забораваат да ги фрлат празните пакувања. Ослободете се од отпадоците кои не прилегаат на вашата убава и елегантна чанта.

4. Старомодна четка за коса или четка со метални влакна

Старомодната четка за коса нема да ве направи да изгледате подобро, а четката со метални влакна може дури и да ја оштети вашата коса. Дрвените четки, сепак, ја подобруваат циркулацијата на крвта и ја зајакнуваат структурата на косата.

5. Фискални сметки

Не е најдобра идеја да чувате многу фискални сметки во вашата чанта. Со текот на времето, тие бледнеат и почнуваат да изгледаат неубаво. Ако сте купиле нешто големо, секогаш можете да ја сликате потврдата и да ја зачувате на вашиот телефон. Покрај тоа, секогаш можете да ги најдете информациите за набавката со помош на некој што работи во продавница или во вашата банка.

6. Празни пакувања од гума за џвакање

Трошките и искинатите пакувања од гумите за џвакање дефинитивно нема да ја направат вашата чанта да изгледа подобро. Значи, ослободете се од истите што е можно поскоро.

7. Остатоци од кармини

Многу дами се обидуваат да ги користат своите омилени кармини што е можно подолго. На крајот, карминот изгледа толку лошо што е непријатен за употреба. Освен тоа, кармините, како и секој друг производ за убавина, имаат свој рок на траење, затоа внимавајте и на тоа.

8. Купони со изминат рок

Поголемиот дел од времето, забораваме на попустите веднаш штом ќе ја напуштиме продавницата. Купоните едноставно се натрупуваат во долниот дел од чантите и на нив најчесто се досетуваме кога веќе е предоцна.

9. Стара крема за раце

Кога последен пат го проверивте рокот на употреба на вашите козметички производи? Фрлете ги сите производи за убавина со поминат рок без воопшто да се двоумите, било да е тоа кармин или крема за раце. Работата е во тоа што, по истекот на рокот, кремот може да предизвика алергиска реакција, затоа мислете на вашето здравје.

10. Метална турпија за нокти

Ова порано беше исклучително популарна трупија за нокти. Направена е од метал со честички од сафир. Но, за жал, овие турпии прават повеќе штета отколку корист. Тие ги оштетуваат ноктите оставајќи пукнатини на нив, а може да ја оштетат и вашата чанта.