Црниот ким долги векови бил употребуван од луѓето преку разни лековити рецепти наменти за одредени заболувања. Неговите семиња содржат полинезаситени масни киселини кои се од витално значење за клеточната мембрана.

Односно за зачувување на нејзината стабилност и за правилно изврушување на телесните функции. Овие киселини ја спречуваат појавата и развојот на атеросклероза, го намалуваат нивото на холестерол и ги обновуваат крвните садови.

Бројни научни истражувања докажуваат дека маслото од црн ким има неверојатен ефект при лекувањето на рак, неплодност, висок крвен притисок, епилепсија, дијабетес тип 2, проблеми со цревата, псоријаза и воедно ги регулира и хормоните.

Препораки за употребата на масло од црн ким

Маслото од црн ким содржи над 100 компоненти, од кои половина се сметаат за стимуланти на метаболичките процеси во човечкото тело. Маслото се произведува од 2 вида на семиња: Етиопски и саудиски, кои се подеднакво корисни.

При купувањето на вакво масло, обратете внимание на неговиот квалитет, бидјеќи многу произведувачи имаат тенденција да го мешаат со сончогледово масло.

Истовремено, со неговата редовна употреба брзо ќе се ослободите од многу заболувања, од обична настинка до лекување на рак, а пред сè, се употребува за зајакнување на имунитет и за обновување на организамот.