Маска која дејствува освежувачки

Тоа е најпогодно за жени со сува кожа, која има потреба од итна нега. Ако лицето го има изгубено својот сјај и убавина, треба да се направи нешто во најскоро време. Токму оваа маска ја храни и ја дехидрира кожата.

Потребно: лажиче мед, лажичка кокосово масло и ¼ авокадо. Сите овие производи се сметаат за еликсир за кожата. Тие се полни со витамини. Во сад се мешаат трите состојки и се нанесуваат на лицето и вратот. Оставете да дејствува околу 20 минути и измијте прво со топла вода а потоа со ладна.

Маска против црни точки

За да се ослободи од проблемите кои се толку непријатни, треба да ја направите оваа неверојатна маска со мед. Ако се користи редовно неколку дена, понатамошната појава на акни и проблеми со кожата се доведува до минимум.

Потребно: 1 лажиче мед, 1 лажица рендана кора од портокал и 1 лажиче овес. Маската се нанесува на лицето со врвовите на прстите. Треба да стои половина час и се отстранува со вода.

Маска против лузни од акни

Потребно: 2 лажички мед, 1 лажиче цимет во прав и ½ лажиче лимонов сок. Може да се додаде и 1 лажиче морско оревче, бидејќи тоа има антиинфламаторни својства. Маската треба да остане на лицето за 15 или 30 минути во зависност од тежината на акните. Потоа се мие прво со топла и потоа со млака вода.