Уште по првата употреба, ќе го почувствувате импресивниот ефект. Оваа маска ќе стане алтернатива на многу козметички процедури во салони за убавина. Освен дека е економична и ефикасна, нејзиниот ефект е еквивалентен на прославениот ботокс. Маската е сосема природна и всушност ја затегнува кожата и подобро отколку Ботокс!

Состојки:

1 белка од јајце
половина лажичка сок од лимон
половина лажичка кокосово масло

Подготовка:

Земете едно јајце и одвојте ја белката од жолчката. Ставете ја белката во помал сад и мешајте до формирање на густа пена. Потоа додадете го сокот од лимон и кокосовото масло, и повторно мешајте.

Нанесете ја маската на чисто лице и оставете да стои 10-15 минути. Кога маската ќе се исуши, исплакнете со топла вода или чај од камилица.

За постигнување на оптимални резултати доволно е да се применува 2 пати неделно. Придобивките од кокосовото масло се многу и можеме слободно да кажеме дека ова масло со основа станува популарно со секој изминат ден, како во светот, така и кај нас.

Постојаната употреба на кокосово масло наместо ноќен крем е најдобар начин за спречување на предвременото стареење на кожата. Многу мала количина од ова магично масло е во состојба да ја подмлади Вашата кожа, правејќи ја беспрекорно чиста и убава.

Обидете се!

https://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/05/fb_08add5112fe8b2f2ad336ac16c31f97d.jpghttps://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/05/fb_08add5112fe8b2f2ad336ac16c31f97d-400x214.jpgDijana IlievaУбавинаУште по првата употреба, ќе го почувствувате импресивниот ефект. Оваа маска ќе стане алтернатива на многу козметички процедури во салони за убавина. Освен дека е економична и ефикасна, нејзиниот ефект е еквивалентен на прославениот ботокс. Маската е сосема природна и всушност ја затегнува кожата и подобро отколку Ботокс! Состојки: 1 белка...Секој ден нешто свежо