Испаничена мајка открива како успеала да се ослободи од слајм играчка, која се залепила во косата на нејзиниот двегодишен син.

35-годишната Николет Оперман, од Перт, се шокирала кога видела дека нејзиниот 2-годишен син Кејлеб, ненамерно при играњето, имал залепено слајм играчки на неговата коса, што било лесно забележливо бидејќи, неговата коса е светла.

„Кога го видов, не знаев што да направам. Ги оставив на кратко сами моите два сина, Кејлеб и Џордан, при што одеднаш слушнав како Кејлеб вели дека Џордан му става слајм играчки на косата. Додека сфатив што се случило, Кејлев веќе се вознемири се и со сета сила се обидуваше да ги отстране играчките од косата“- вели Николет.

Бидејќи тоа се случило во игротека, кога си дошле дома, очајната мајка побарала совет на Фејсбук како да го реши проблемот, а набрзо во коментарите пристигнале бројни решенија, од оцет и Кока Кола до маслиново масло и сода бикарбона.

Но, единственото кое го пробала и кое функционирало било решението со кокосово масло.

Затоа сега сака истото да го сподели со останатите мајки, кои сигурно веќе се нашле или пак, ќе се најдат во слична ситуација.

„По 40 минути, со големо количество на кокосово масло и обична четка за коса, се ослободивме од слајм играчките!“

Проблемот бил решен, а косата на двегодишниот Кејлеб, која Николет ја обожава поради светлиот тон, повторно заблеска!