Жолчката е една од најпопуларните компоненти на природната козметика. Истата совршено ја потхранува и навлажнува кожата. Воедно, пред да нанесете маска со жолчка на лицето, обратете внимание на типот на кожа.

Доколку имате сува кожа, идеални компоненти се зејтинот и киселата павлака. За мрсна кожа, кон жолчката треба да додадете малку овесни снегулки или кисело млеко.

Маска од сува кожа

Потребни состојки

  • 1 жолчка
  • 1 кафена лажица зејтин
  • 1 кафена лажица мед

Начин на подготовка и употреба

Одделете ја жолчката од белката и сите состојките измешајте ги заедно во мал сад. Обидете се целосно да го растворите медот. Готовата маска нанесете ја врз чисто лице и оставете ја да дејствува 15-20 минути. На крај, измијте ја маската со ладна вода и нанесете крема на лицето.

Маска за мрсна кожа

Потребни состојки

  • 1 жолчка
  • 1 супена лажица кисела павлака

Начин на подготовка и употреба

Одделете ја жолчката од белката и сите состојките измешајте ги заедно во мал сад. Готовата маска нанесете ја врз чисто лице и оставете ја да дејствува 15-20 минути. На крај од третманот, измијте ја маската со вода и нанесете соодветна крема за вашето лице.