Времето на родителите поминато со своите деца е бесценето, па затоа секој се труди, на свој уникатен начин да го помине слободно време со своите најмили, но оваа мајка и нејзиниот мал сојузник отишле чекор подалеку.

30-годишната Ребека Стивенс, од Охајо, имала само 7 години кога храбро го придружувала својот татко на лов и оттогаш е заљубена во таа нивна семејна традиција.

Во 1999-та година, кога била на 10-годишна возраст успеала да го  улови својот прв плен. А оттогаш има уловено бројни елени, мисирки, зајаци и сл.

Сега Ребека, чија страст за ловење со лак и стрела не исчезнала, открива дека за време на нејзините авантуристички експедиции ја носи и својата 9-месечна ќерка Изабела, за која дури има подготвено мала слатка облека, специјално за ловечката активност.

„Се надевам дека го сака риболовот исто колку и јас. Таа веќе ја обожава природата“- вели Ребека. Својот плен го претвораат во храна за домот или пак од истиот, изработуваат уникатни домашни декорации.

„Благодарна сум на татко ми што ме научи да ловам. Ја сакам природата, а и на овој начин носам храна за семејството. А и Изабела мислам дека ја обожава активноста. Кога првпат ја однесов на лов, беше мирна цели 5 часа“- додава гордата мајка.