Ако некогаш сте се запрашале дали имате шанса да станете познати и славни, можеби вашиот хороскопски знак може да одговори на тоа прашање.

Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликацијаХороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).

Поточно, американското списание „Social Science“ ги објави резултатите од истражувањето спроведено на разни примероци како бројни познати личности, актери, пејачи, спортисти и политичари кои откриле дека повеќето познати личности се родени во знакот на Водолија.

Примерокот на кој тие го спроведоа истражувањето, најпрво вклучуваше 100 луѓе, а подоцна бројот беше зголемен на 300 и заклучија дека резултатот не се менува – Водолиите и понатаму беа на првото место.

Некои од славните ѕвезди родени во знакот на Водолија се Џенифер Анистон, Шакира, Елен Деџенерис, Кристијано Роналдо, Ед Ширан, Алисија Кис и Џастин Тимберлејк.

По Водолијата, на второ и трето место се Лавот и Скорпијата.