Алексеј Ковалков е еден од најпопуларните и истакнати руски нутриционисти. Уште пред 10 години, самиот лекар страдаше од прекумерена телесна тежина. Токму поради таа причина, лекарот беше поттикнат да го пронајде вистинското решение.

Станува збор за исклучително лесна техника, односно правилен лекарски систем на исхрана, благодарение на која се стимулира слабеењето на здрав начин. Благодарение на техниката, рускиот лекар успеа да ослабне неверојатни 52 килограми.

Во продолжение прочитајте за што станува збор

Основните принципи на исхраната на Алексеј

Во почетната фаза од техниката, потребно е да го испланирате вашето секојдневие така што ќе го поминете најголемиот дел од времето во движење. Потребно е да се направат од 8000 до 12000 чекори секој ден.

Потоа, важно е да научите каква храна да консумирате, која содржи брзи јаглехидрати.

Еден од клучните фактори на неговиот систем на слабеење е нежното прочистување на дигестивниот тракт. Фазата на подготовка трае 2-4 недели, а придобивките се новите стекнати навики, благодарение на кои многу брзо ќе симнете 3-5 килограми.

Во основната фаза на слабеењето, активностите се поврзани со практикувањето балансиран начин на исхрана и движењето. Потребно е да се консумира здрава храна во правилни и вкусни комбинации. Оваа техника им дозволува на пациентите да губат дневно по 100-200 грама. Оваа етапа трае, додека целта не е постигната.

Најважната и најдолга фаза е определувањето на резултатите, која трае од 12-18 месеци. Во текот на овој период, личноста целосно ги применува новите здрави навики и активниот начин на живот. Основната работа која не треба да ја заборавите е да правите по 8000 до 12000 чекор секојдневно.

Основи на исхраната

Основниот акцент треба да биде врз протеинските видови на храна кои содржат ниско ниво на масти. Лекарот истакнува дека секоја вечер, пред спиење, потребно е да консумирате 2 варени јајца.

Консумирајте трици

Тие ќе ве заситат и ќе го намалат чувството на глад. Лекарот Алексеј ги советува сите неговите пациенти да консумираат хранливи влакна колку што е можно повеќе. Истите може да ги пронајдат во лиснатите зеленчуци, свежите краставици и пиперките. Овие намирници може да ги консумирате во неограничено количество, во било кое време.

Лекарот истовремено од своето дневно мени ги има исклучено шеќерот, како и секоја храна која содржи брашно, компири и бел ориз.