Доколку досега не сте го пробале класичниот германски рецепт за палачинки, денес топло ви препорачуваме тоа да го направите и да ги изненадите вашите најмили.

За нивната подготовка потребни ви се едноставни 5 минути, а нивниот вкус ќе стане вистински хит во вашето семејство.

Класични палачинки на германски начин

Потребни состојки

  • 8 супени лажици бело брашно
  • 3 јајца
  • 120 мл млеко
  • 3 супени кажици растопен путер
  • 1 супена лажица шеќер
  • ¼ кафена лажица сол

Начин на подготовка

Загрејте ја рерната на температура до 230°C.

Во сад со средна големина, измешајте ги јајцата, млекото, растопениот путер, солта и шеќерот.

Додадете го и брашното и добро измешајте ги сите состојки заедно, додека смесата стане хомогена.

Една голема лажица растопен путер се додава во садот за печење. Следно додадете ја и приготвената смеса за палачинките и печете во претходно загреаната рерна за 12-18 минути или додека краевите на палачинките не добијат кафеаво-златна боја.

Германците претпочитаат овој вид на палачинки да ги сервираат и консумираат со сок од лимон и шеќер во прав. Но, по ваша желба, вкусното јадење може да го комбинирате со разно овошје, павлака, крем итн.

Пријатен апетит!