Оние кои обожаваат да готват, знаат колку практичен сад за готвење е тавата, во која може да се приготват многу лесни и вкусни јадења. Но, сепак нејзиното чистење е чест проблем во домаќинството.

Бидејќи честото купување нова тава не е решението, денес ви откриваме како на најлесен и ефикасен начин да ја исчистите истата, дури и од најтврдокорните дамки, по што истата ќе блеска како нова.

Лесен метод за ефикасно чистење на тавата

Ќе ви биде потребно

  • 2 супени лажици хидроген (водороден пероксид)
  • Половина шолја сода бикарбона
  • 1 кафена лажица средство за миење садови

Начин на подготовка и употреба

Неопходно е сите состојки добро да ги измешате, до добивање на соединета смеса со конзистенција која наликува на павлака. Доколку е потребно, додадете уште малку хидроген.

Следно, нанесете ја добиената смеса врз тавата и оставете ја да дејствува 10-15 минути. Потоа, земете тврд сунѓер или четка и започнете да ја триете површината, а на крај сето измијте го со вода. Вашата тава по овој метод ќе зблеска како нова!