Ова не се само обични лепчиња со кашкавал, туку лепчиња со неверојатен вкус кој се должи на превкусната смеса со која се премачкани. Се подготвуваат многу брзо, а за совршен додаток кон сите јадења.

Потпечени лепчиња со лук и кашкавал

Ова не се само обични лепчиња со кашквал, туку лепчиња соневеројатен вкус кој се должи на превкусната смеса со која се премачкани. Сеподготвуваат многу брзо, а за совршен додаток кон сите јадења.
Вкупно време20 минути
Оброк: закуска
Кујна: италијанска
Клучни зборови: кашкавал, потпечени лепчиња
Порции: 4

Состојки

  • 1 багет (француски леб)
  • 100 гр кашкавал
  • 2-3 чешниња лук
  • 100 гр путер
  • По ваш вкус зелени зачини

Начин на подготовка

  • Исечете го багетот на кругови.
  • Претходно извадете го путерот од ладилникот, за да омекнеубаво, а потоа додадете го во садот.
  • Кога путерот ќе омекне, додадете 2-3 чешниња лук, претходноситно исечени или изгмечени. Воедно додадете ги и исто исечените зелени зачинии ситно изренданиот кашкавал. Добро измешајте ги состојките.
  • Секое парче леб премачкајте го со добиената смеса сокашкавал и поставете ги во сад за печење.
  • Вклучете ја рерната да се загрее на 200°C, а потоа поставете ги лепчињата да се печат на 5-7минути.